• недела, 17 ноември 2024

Озил доби осум милиони фунти бонус од Арсенал

Озил доби осум милиони фунти бонус од Арсенал
Лондон, 12 октомври 2020 (МИА) - Играчот за врска на Арсенал, Месут Озил доби осум милиони фунти од клубот, објави „Атлетик“. На крајот на септември „топчиите“ му платија на играчот бонус за лојалност. Оваа сума му следуваше на Озил според договорот во случај тој да не го напушти лондонскиот клуб пред крајот на 2020 година. За потсетување, Арсенал сакаше да го продаде Озил во текот на летниот преоден рок, но не најде купувачи за играчот. За фудбалерот беше заинтересиран за Ал-Наср, но тој одби да се пресели во Саудиска Арабија. Главниот тренер на Арсенал, Микел Артета не го вклучи Озил во составот за Лигата на Европа. Фудбалерот нема играно за Арсенал од март. зс/

Остани поврзан