• сабота, 13 декември 2025

Од утре попладне времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Од утре попладне времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Скопје, 13 септември 2025 (МИА) - Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во источните делови од земјата.

-Во понеделник преку денот ќе дува засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Од вторник времето ќе биде стабилно и топло, соопшти  УХМР. 

Во Скопје, утре попладне, а особено во текот на ноќта, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме. хс/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан