• вторник, 25 јуни 2024

Од денеска ЈП Лајка ќе заловува бездомни кучиња во општина Гази Баба

Од денеска ЈП Лајка ќе заловува бездомни кучиња во општина Гази Баба

Скопје, 31 јули 2023 (МИА) - Од денеска заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе почне со стратешко заловување бездомни кучиња кои немаат поминато хуман третман во општина Гази Баба.

-Нашиот тим на заловувачи оваа недела од 31 јули до 4 август ќе заловува во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Фабрика Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово, информираат од ЈП Лајка.

Втората недела од стратешкото заловување од 7-ми до 11 август тимот на ЈП Лајка ќе заловува во Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци.

-Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман. Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk, велат од претпријатието.

Исто така, граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го однесат во стационарот на ЈП Лајка со претходна најава. сст/дма/

 

Фото: ЈП Лајка 

Остани поврзан