• сабота, 27 јули 2024

Од верските календари

Од верските календари

Од верските календари 

9 декември 2023 (МИА)

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 ноември.

 

Денеска е Св. Алимпиј Столпник.

 

Овој чудесен Алимпиј се роди во Хадријанополис, во Пафлагонија. Првин беше ѓакон во катедралната црква на градот, а подоцна се повлече и се настани на некои елински гробишта, што се наоѓаа надвор од градот. Таму изгради црква, а до црквата висок столб, па се искачи на стобот и таму помина 53 години во пост и молитва. Овој чудесен столпник му стана така светилник на светот. Подоцна, од двете страни на столбот се формираа два манастира, еден женски и еден машки, со кои управуваше свети Алимпиј. Се упокои, или поточно речено, премина во вечниот живот во 640 година, на 100-годишна возраст.

 

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

 

Денеска е Св. Петар Фуриер.

 

Роден е во 1565 година, во Мирекоурт, во Франција. Потекнувал од богата фамилија. Неговите биографии истакнуваат дека покажувал извонредна наклонетост за светиот живот. На 15-годишна возраст тргнал во училиштето во Понта Моусон, кое било управувано од исусовците. Сакал да студира теологија и филозофија. Во 20-та година го одбрал духовниот сталеж. Дел од својот свештенички живот го поминал меѓу заболените од чума, на кои им помагал. Му се молат болните, за време на страдањата во животот.

###

Остани поврзан