• недела, 19 мај 2024
Од верските календари

23 април 2024 (МИА) 

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 aприл.

Денеска е Св. маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и други.

Во првите три векови од христијанството, едно од најголемите прогонства се случи во времето на императорот Декиј, иако овој владееше само две години, од 249 до 251 година. Во овој краток период настрадаа илјадници христијани, што не сакаа да принесат жртви пред идолите и на тој начин јавно да се откажат од Христа. Меѓу нив и денешниве 40 африкански маченици кои пострадаа од раката на тогашниот управник на Африка-Фортунијан.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Јурај.

Бил роден во Кападовија, во Мала Азија. Неговиот татко умрел маченички. Тој се посветил на војничкиот живот. Ја сакал молитвата и го читал Светото писмо, размислувајќи за вечните вистини, за маките кои ги претрпел Исус Христос за спасување на светот. Кога царот Диоклецијан издал проглас дека хрстијаните мора да се одрекнат од верата, а свештениците и бискупите да бидат осудени на смрт, Јурај веднаш отишол кај него и му рекол "Зошто така постапуваш со христијаните кои не се виновни". Царот се изненадил бидејќи мислел дека Јурај е паганин и се обидел со мачење да го натера да се одрекне од верата во Христос. Но, Јурај не се одрекол од верата и поради тоа во 303 година му била отсечена главата.

Остани поврзан