• понеделник, 06 мај 2024

Од верските календари

Од верските календари

Од верските календари 

28 април 2024 (МИА)

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 април.

 

Денеска е Цветници.

Овој празник е подвижен празник. Зависи од тоа во кој ден ќе падне Велигден. Се слави секогаш во неделата пред Велигден, затоа што тоа е денот кога го доживуваме Христовото славно влегување во Ерусалим, градот во кој по неколку дена Христос ќе биде погубен. Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња пречекувајќи го како цар на мирот небесен. Во таа смисла и празникот е наречен Цветници.

 

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

 

Денеска е Св. Петар Чанел.

Бил роден во Франција, во 1803 година. Кога станал свештеник, во 1836 година отпатувал во Океанија за да ја шири Христовата радосна вест. Со радост ги извршувал своите свештеничките работи, им помагал на сиромашните и проповедувал. Ги сакал сите луѓе, а во врска со тоа на своите пријатели им рекол: "Во напорната мисија треба да бидеме свети". Пред да умре рекол: "Не е важно дали јас ќе умрам, Христос останува на својот брег и со мојата смрт нема да исчезне". Бил убиен во 1841 година на брегот Футуна, во Океанија.

###

Остани поврзан