• петок, 22 ноември 2024

Одрони и помали свлечишта од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин

Одрони и помали свлечишта од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) - Поради обилни врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар наместа има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин, соопшти ЈП Македонијапат.

Кај наплатна станица Желино поради големи колчини на вода на самата рампа сообраќајот се одвива споро што доведува до создавање колони.

Од ЈП Македонијапат апелираат до учесниците во сообраќајот крајно внимателно да управууват со возилата, како и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.

Екипите на ЈП Македонијапат се на терен и работат на расчистување на критичните места и нормализација на сообраќајот. дма/ев/

Фото:МИА

Остани поврзан