• петок, 05 јули 2024

Одржана дисеминација за нови волонтери во Црвен крст Крива Паланка

Одржана дисеминација за нови волонтери во Црвен крст Крива Паланка
Крива Паланка, 22 јули 2022 (МИА) - Општинската организација на Црвениот крст - Крива Паланка спроведе дисеминација на нови млади волонтери кои се вклучија во рамки на летната програма за млади.
Во просториите на општинскиот Црвен крст се одржа дисеминациско-ориентациска сесија за новите волонтери под менторство на искусниот волонтер и еден од основачите на организацијата во Крива Паланка, Јане Денковски.
-Задоволство е да се види полна салата на Клубот на млади во нашата организација. На прагот сме на воведување на новите генерации волонтери, подмладок на Црвениот крст, за кои во текот на летниот период ќе се спроведат низа активности во кои како нови волонтери ќе имаат можност за активно вклучување и волонтирање, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст Крива Паланка.
Волонтерите кои пристапуваат кон организацијата на оваа дисеминација се запознаа со: приказната за Црвениот крст, принципите кои ги обединуваат активните волонтери, мисијата на Црвен крст, можностите за активно вклучување и волонтирање, како и правилата и обврските на секој волонтер.
- Ова е почеток на уште едно успешно волонтерство, додаде Пешовски. ид/мд/

Остани поврзан