• петок, 22 ноември 2024

Одржана втората работилница со општинските инспектори од смарт проектот на невладината организација „КХАМ“ од Делчево

Одржана втората работилница со општинските инспектори од смарт проектот на невладината организација „КХАМ“ од Делчево

Делчево, 22 јуни 2023 (МИА) - Во Делчево во тек е втората работилница со Општинските инспектори која се реализира како дел од смарт проектот на невладината организација „КХАМ“. На работилница учество зеде Општинскиот инспектор за животна средина кој пред присутните ги образложи проблемите од областа на оваа област и како граѓаните можат истите да ги пријават. Според координаторот на проектот Зоран Биковски присуството на инспекторот е од особено значење имајки ги предвид неодамнешнитe поплави и проблемите со кои се соочија граѓаните на Делчево.

-Веруваме дека е од особено значење бидејки со нас е и инспекторот за животна средина. Знаеме дека климатските промени и тоа како влијаат на квалитетот на живот на граѓаните тоа е еден и од условите да влеземе во Европската унија. Затоа со најголема серизност пристапуваме по ова прашање. Ако земеме во предвид дека Делчево беше поплавено во претходниот период и дека сите ги почувствувавме последиците од климатските промени и одважноста одговорно да се однесуваме кон самата природа и ние како граѓани сме свесни дека мора да добиваме одговори на поднесените барања до самите инспекторати. Целта е навремено да одговараат и сите заедно како сојузници да придонесеме кон здраво и квалитетно живеење, рече Биковски.

Во вториот дел од работилницата претставници на Фондот за здравствено осигурување ги запознаа присутните со нивните права и обврски.

-Претставници од Фондот за здравство имаа свои образложенија во делот на остварување на правата на пациенти, промени во делот на здравственото осигурување, начинот на рефундација, начинот на бањско лекување. Зборуваа за тоа кои се сите тие услуги за да можат граѓаните да ги остварат своите права како пациенти. Посебно објаснија кога и како ќе можат да ги добијат услугите, затоа што климатските со поплавата која го зафати и објектот на Фондот го нарушија начинот на негово работење, заради тоа навремено ги информираа каде може да обратат, за колку време ќе добијат одговор и кои се нивните права како пациенти, додаде Биковски.

Невладината организација „КХАМ“ активностите од проектот „Инспекторатите во служба на граѓаните" ги имплементира преку Центарот за промоција на Цивилното друштво (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ). Проектот е дел од регионалниот проект СМАРТ Балкан Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан и се реализира со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. вс/


Фото: МИА

Остани поврзан