• петок, 21 февруари 2025

Годишен извештај за работењето на Општина Илинден за 2024 година

Годишен извештај за работењето на Општина Илинден за 2024 година

 

Изготвен Годишниот извештај за работењето на Општина Илинден за 2024 година, во кој се објавени поголемиот дел од проектите кои се работени во текот на годината.

Како што информира градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски во извештајот се опфатени поголем дел од проектите во областа на патната и комуналната инфраструктура, образованието, културата, животната средина, проекти во делот на спортот и уште многу други кои допринеле за подобрување на условите за живеење во Општината.

Градоначалникот Георгиевски додава дека е задоволен од сработеното за 2024 година, затоа што се реализирани голем дел од планираните проекти. Особено радува податокот дека најголемиот дел од реализираните проекти беа посочени токму од граѓаните.

Во прилог е деталниот Годишен извештај за работењето за 2024 година, во кој може подетално да се разгледаат активностите во општина Илинден. Дополнително Годишниот извештај ќе биде отпечатен и дистрибуиран до повеќе домаќинства во општина Илинден.

Линк: https://ilinden.gov.mk/download/otchet-2024/

Општина Илинден

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан