• среда, 24 април 2024

Одложен натпреварот Русија – Парагвај поради терористичкиот напад во Москва

Одложен натпреварот Русија – Парагвај поради терористичкиот напад во Москва

 

Москва, 23 март 2024 (МИА) – Пријателскиот фудбалски натпревар меѓу селекциите на Русија и Парагвај, кој требаше да се одигра в понеделник во Москва, е откажан поради терористичкиот напад во Красногорск, на периферијата на руската престолнина, во кој според последните извештаи загинаа над 100 луѓе, соопшти денеска Рускиот фудбалски сојуз (РФС).

„Поради нападот, Рускиот фудбалски сојуз и Парагвајскиот фудбалски сојуз одлучија да го откажат пријателскиот натпревар меѓу двата тима“, се вели во соопштението.

Натпреварот требаше да се одигра в понеделник на стадионот „Динамо“ во Москва, но може да биде закажан за друг термин.

Според последните информации, 115 луѓе се убиени, а 145 повредени во петокот вечер во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Красногорск. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин ги откажа сите јавни настапи во градот за време на викендот. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан