• петок, 22 ноември 2024

Одложена премиерата на новиот „Џејмс Бонд“ филм

Одложена премиерата на новиот „Џејмс Бонд“ филм
Лос Анџелес, 5 март 2020 (МИА) - Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд - „Не е време за умирање" (No Time To Die) е одложена за седум месеци. Повод се бројните повици на обожавателите поради стравот од новиот коронавирус. Продуцентите Мајкл Вилсон и Барбара Броколи вчера на Твитер објавија дека првото прикажување е поместено за ноември 2020 година, односно премиерата во Велика Британија ќе биде на 12 ноември, а онаа ширум светот - на 25 ноември. Филмовите за „агентот 007“ чинат огромна заработка на светскиот кинопазар. Претходниот Бонд филм „Спектра" (2015), на пример, заработи над 679 милиони долари, а над 84 милиони долари само во Кина. Одложувањето на прикажувањата на холивудските филмови е под влијание на заканата од новиот коронавирус. Земјите коишто се најмногу погодени од вирусот, воведуваат или веќе воведоа забрана за јавни собири на поголеми групи луѓе. Италија и Кина на пр., ги затворија кината во своите најкритични зони обележани поради вирусот. си/ https://www.youtube.com/watch?v=VTnDYxwhSaI

Остани поврзан