• четврток, 16 мај 2024

Оддадена почит пред споменикот на  загинатите припадници на поранешна ЈНА кои потекнуваа од државава

Оддадена почит пред споменикот на  загинатите припадници на поранешна ЈНА кои потекнуваа од државава

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Делегации од Владата, од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Министерството за одбрана и од државни институции денеска положија цвеќе и оддадоа почит пред споменикот „Мајкино скршено крило“ на плоштадот „Слобода“ во Скопје, по повод 17-годишнината од промовирање на спомен-обележјето на загинатите припадници на поранешната ЈНА кои потекнуваа од нашата држава.

Прес-службата на Владата информира дека владината делегација ја предводеше Драган Василевски, советник за одбрана на премиерот Димитар Ковачевски. 

-На настанот, организиран од Здружението на воени инвалиди и загинати од Македонија 91/92, пред споменикот „Мајкино скршено крило“ положија цвеќе и членови на семејствата на воените инвалиди, членови на семејствата на загинатите од воениот конфликт при распадот на СФРЈ, како и делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, од Министерството за одбрана и од државни институции, информира владината прес-служба. 

Во воениот конфликт на просторот на поранешната СФРЈ, наведува Владата во соопштение, загинаа 54 граѓани кои потекнуваа од нашата држава.

-Настрадаа на просторите на поранешна Југославија за време на војната во 1991/92 година и ги положија своите животи, извршувајќи ги своите уставни и законски должности, соопшти Владата. хс/са/ 

Фото: Влада на Република Северна Македонија 

 

Остани поврзан