• понеделник, 23 декември 2024

На Комисијата за финансирање и буџет почна расправата за амандманот за зголемување на платите

На Комисијата за финансирање и буџет почна расправата за амандманот за зголемување на платите

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) – Комисијата за финансирање и буџет денеска во Собранието на Република Северна Македонија ја почна амандманската расправа за ребалансот на Буџетот откако во саботата заврши општата расправа која траеше три дена. 

Од поднесените 58 амандмани денеска претпладне Комисијата расправа по амандманот поднесен од повеќе пратеници од Социјалдемократскиот сојуз со кој се бара зголемување на средствата за плати и надоместоци на плати.

- Предвидени се средства за зголемување на платата на вработените во јавен сектор и регресот. Сите права на вработените утврдени согласно закон ќе бидат испочитувани, рече заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на расправата обвинуваа дека народните пари се менаџирале лошо, и согласно тоа, според нив, опоцизијата денеска не треба да предлага, како што посочија „популистички амандмани со кои се покажуваат како спасители на работничките права“ и „амандмани со кои сакаат да ги корегираат работите што самите си ги направиле“.

Амандманската расправа ќе продолжи во 16:30 часот. ар/бак/

Фото: Принтскрин Собрание 

Остани поврзан