• сабота, 13 декември 2025

Одбележани 84 години од смртта на поетот и револуционер Коле Неделковски

Одбележани 84 години од смртта на поетот и револуционер Коле Неделковски

Велес, 2 септември 2025 (МИА) - Пред спомен бистата на поетот и револуционер  во кругот на средното стручно училиште, што го носи неговото име „Коле Неделковски“ во Велес  делегации на училиштето, на Општина Велес и на јавни институции денеска положија цвеќе и му оддадоа почит. Пред присутните се обрати Горан Богоевски директорот на ДСУ РЦ „Коле Неделковски“.

Коле Неделковски е роден во велешкото село Војница. Тој  е еден од најистакнатите револуционерни македонски поети помеѓу двете светски војни. Неделковски претставува романтичар со бескрајна љубов кон својот народ и кон неговата борба за слобода и правда.

Kоле Неделковски е познат по своите стихозбирки „Молскавици“ и „Пеш по светот“. ад/

 

Остани поврзан