• понеделник, 23 декември 2024

Одбележани 60 години постоење на Архивот во Тетово

Одбележани 60 години постоење на Архивот во Тетово

Тетово, 10 февруари 2022 (МИА) - Одделението во Тетово на Државниот Архив на Северна Македонија денеска одбележа 60 години од основањето. Беше организирана изложба со фотографско претставување на најзначајните документи кои ги поседува одделението како и промоцијата на публикацијата „Преглед на национализираните наемни згради и земјишта во градежниот регион на градот Тетово 1958-1963 низ архивските фондови“.

-Зграда во која е сместено одделението постои од 1929 година, а Архивот почнал да работи во 1962 година. Претставува регионален архив за Полог, пораншени општини Тетово и Гостивар. Единствен орган од ваков вид со евиденција на 279 иматели на документи од државни управи, државни служби од образование, стопанство, верски институции и слично, изјави раководителот Младен Матовски.

Тетовскиот Архив има преземено 795 фондови и збирки преземени од јавни служби. Количина на депониран материјал изнесува 1100 метри должински – при што едно метро содржи 10 архивски кутии, а една кутија содржи 1000 извори архивски.

-Ова е едно богатсво кое зборува за сите сегменти од животот во Полог. Тетовскиот архив е 60 годишен чувар на културно наследство во Полог. Исто така е издавач на десетици публикации, истакна Матовски.

На изложбата можеше да се види и фотографија од најстариот документ во Архивот кој е од 1704 година од тогашната Османлиска држава.

-Оваа изложба ми значи многу јас бев дел од екипата. Се базира на материјалот со кој располага одделението и Државниот архив каде се чуваат значајни документи од историјата на подрачјето кое го опфаќа овој архив.  Во самата содржина на изложбата може да кажам дека е богата. Од првите документи од 12 век во време на Византија, а тука се документи и од Османлискиот период . Мора да нагласам за синџил од 1704 година што е навистина е една реткост, дел од изложбата од османслиски период, изјави Бранислав Светозаревиќ.

Директорот на Државн Архив, Емил Крстевски изјави дека со оваа изложба и одбележување на јубилејот, одделението во Тетово се приклучува кон неколкуте активности на Државен Архив кој воедно слави 70 години од институционално функционирање. -Имавме изложби во Штип и Скопје и сега во Тетово. Ова е можност да се запознаеме со историјата на регионот и многу историски документи, додаде Крстевски.

Публикацијата „Преглед на национализираните наемни згради и земјишта во градежниот регион на градот Тетово 1958-1963 низ архивските фондови“ е изработена од раководителот на тетовскиот Архив, м-р Младен Матовски. Зградата на Архивот во Тетово е реновирана во 2018 година.ас/бт/ 

Остани поврзан