• четврток, 13 јуни 2024

Огромен проблем за Реал пред финалето за ЛШ

Огромен проблем за Реал пред финалето за ЛШ

Лондон, 20 мај 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени ќе го пропушти финалето во Лигата на шампионите поради повреда, објави новинарот Хозе Феликс Дијаз.

На 24-годишниот Французин му била дијагностицирана повреда на левата нога. Според изворот, играчот од средниот ред нема да има време да се опорави навреме за финалето од Лигата на шампионите.

Чуамени оваа сезона одигра 38 натпревари за Реал во сите натпреварувања, постигнувајќи 3 гола и 1 асистенција.

Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите ќе игра против Борусија Дортмунд. Одлучувачката средба ќе се одржи на 1 јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон. дс

Фото: Архива

Остани поврзан