Објавен јавен повик за финансирање проекти од областа на културата од интeрес на Град Скопје за 2025 година
- Град Скопје објави јавен повик согласно Програмата за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интeрес на Град Скопје за 2025 година.

Скопје, 4 март 2025 (МИА) - Град Скопје објави јавен повик согласно Програмата за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интeрес на Град Скопје за 2025 година.
Предвидена е поддршка на програми, проекти и активности од областа на изведбените уметности, музичките уметности, визуелните уметности и уметност на новите медиуми, издавачката и библиотечната дејност, музејската дејност, промоција на културното наследство, како и за меѓународна соработка, соопшти Град Скопје.
Јавниот повик трае до 24.03.2025 година, а повеќе информации се достапни на: https://skopje.gov.mk/media/11445/јавен-повик-за-финансирање-програми-проекти-и-активности-од-областа-на-културата-2025.pdf
Фото: Град Скопје