Влора Ибраими, новоназначена директорка на ЈП „Пазаришта“ Куманово
- Влора Ибраими е новоназначена директорка на јавното претпријатие „Пазаришта“ Куманово. Таа најави дека ќе се залага за подобрување на функционирањето на претпријатието преку зголемување на транспарентноста, ефикасноста и финансиската стабилност.
Куманово, 30 јули 2025 (МИА) - Влора Ибраими е новоназначена директорка на јавното претпријатие „Пазаришта“ Куманово. Таа најави дека ќе се залага за подобрување на функционирањето на претпријатието преку зголемување на транспарентноста, ефикасноста и финансиската стабилност.
- Детално ќе ја анализирам состојбата во претпријатието, при што ќе преземе конкретни чекори за намалување на трошоците, зголемување на приходите и обезбедување на поквалитетни услуги за граѓаните и закупците на пазариштата. Ќе работам на тоа ЈП „Пазаришта“ да биде поотворено кон јавноста, поорганизирано во внатрешното функционирање и финансиски поодржливо, рече Ибраими.
Таа информираше дека има завршено економски факултет, а зад себе има и работно искуство како раководител на сектор во самото јавно претпријатие, како и на функцијата директорка во приватно претпријатие.
– Моето досегашно искуство ќе го искористам за да го унапредам работењето на претпријатието и да изградиме однос на доверба со сите засегнати страни, додаде таа.
ЈП „Пазаришта“ менаџира со „Зелениот пазар“, реонскиот на „Октомвриска револуција“, пазарот за стари работи и сточниот пазар во Долно Којнаере. ам/вј/
Фото МИА