• недела, 22 декември 2024

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Скопје, 16 јануари 2024 (МИА) - Министерството за одбрана денеска објави нов Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата на Република Северна Македонија.

Рокот за пријавување е седум дена, вклучувајќи го и денот на објава на јавниот оглас. Младите лица кои се заинтересирани да се пријават, треба да ги исполнат следните услови: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено средно образование, да имаат посебна здравствена и физичка способност и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

Како што информираат од Министерството за одбрана, платата на професионалните војници ќе изнесува над 31.000 денари, со дополнителни над 10.000 денари за станбено обезбедување.

Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во Армијата, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерката за одбрана.

Кандидатите кои претходно се пријавиле на јавниот оглас за прием на професионални војници и успешно ги поминале сите фази во постапката, а не биле примени на служба во Армијата, доколку од последните проверки, односно прегледи на кандидатите не поминале повеќе од девет месеци, не подлежат на проверка за физичка подготвеност и на здравствени прегледи. сст/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан