• вторник, 10 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Објавен трејлер за новата германска трилер-акција „Exterritorial“

Објавен трејлер за новата германска трилер-акција „Exterritorial“

Берлин, 16 април 2025 (МИА) - Нетфликс објави трејлер за новиот шпионски трилер „Екстериторијално“ (Exterritorial), со којшто ветува акција, напнатост и интриги. Филмот е сместен во светот на меѓународната дипломатија и ја следи Сара - поранешна припадничка на специјалните сили, чиј живот добива необичен и опасен тек при посета на американскиот конзулат во Германија, кога нејзиниот син исчезнува без трага...

Освен француско-германската глумица во главната улога - Жан Гурсо, во ова остварување глумат и Дугреј Скот, Нина Лиу, Анабел Манденг, Кајоде Акињеми, Лера Абова итн. Режисер и автор на сценариото е Кристијан Зуберт.

Филмот е во германска продукција и ќе се прикажува на Нетфликс од 30 април.  си/паг/

Фото: Јутјуб

Остани поврзан