• петок, 05 декември 2025

Објавен составот на новата француска влада

Објавен составот на новата француска влада

Париз, 5 октомври 2025 (МИА) - Елисејската палата вечерва го соопшти составот на новата француска влада предводена од премиерот Себастијан Лекорну, објави телевизијата БФМ.

Најважните министерски места во новиот владин кабинет им се доделени на Ролан Лескир - министер за финансии, Жан-Ноел Баро - министер за надворешни работи, Бруно Ле Мер - министер за одбрана, Бруно Ретај - министер за внатрешни работи и Жералд Дарманин - министер за правда.

Откако ја презеде функцијата на 9 септември, Себастијан Лекорну одржуваше серија консултации во обид да го надмине проблемот со недоволното мнозинство во Парламентот и да избегне гласање за недоверба на следниот голем тест - гласањето за буџетот за 2026 година на есен, кое се покажа како фатално за неговиот претходник Франсоа Бајру.

Претседателот Емануел Макрон инсистираше премиерот да го формира својот кабинет до крајот на викендот, а во него треба да има 18 министри.

Првиот состанок на новиот француски владин кабинет е планиран за утре. са/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан