• сабота, 18 мај 2024

Обука од ГШ на грчката одбрана за вооружените сили на Северна Македонија за стандардизација и одбранбено планирање на НАТО

Обука од ГШ на грчката одбрана за вооружените сили на Северна Македонија за стандардизација и одбранбено планирање на НАТО

Атина, 9 април 2024 (МИА) – Генералштабот на националната одбрана на Грција реализирал обука за стандардизација и одбранбено планирање на НАТО, врз основа на грчкиот модел за припадниците на вооружените сили на Република Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од ГШ на грчката одбрана, обуката била спроведена од 25 до 29 март 2024 година во Скопје, а учествувале и припадници на вооружените сили на Црна Гора.

- Конкретната обука е прва од ваков вид што годинава се одржува во Скопје во рамките на воената соработка на двете земји, а се однесува на поврзувањето на одбранбеното планирање и стандардизацијата на Алијансата, врз основа на грчкиот модел и најдобрите практики, соопштија од Генералштабот на грчката национална одбрана. ср/са/

Фото: Генералштаб на грчката национална одбрана

Остани поврзан