• недела, 21 април 2024

ОБСЕ: Градоначалниците да ги извршуваат транзициските обврски од алтернативни локации 

ОБСЕ: Градоначалниците да ги извршуваат транзициските обврски од алтернативни локации 

 

Вашингтон, 2 јуни 2023 (МИА) Постојаниот совет на ОБСЕ преку својот претставник САД кој се обрати и во име на Франција, Италија, Германија, Италија и Велика Британија, издаде заедничко соопштение денеска во кое се осудува развојот на настаните на северот од Косово и се повикува градоначалниците да ги извршуваат транзициските обврски од алтернативни локации. 

-Го осудуваме неприфатливото насилство врз војниците на КФОР, безбедносните служби и новинарите, се вели во соопштението. 

Се истакнува дека одлуката на Владата на Косово остро и непотребно ги ескалирала тензиите со принудното спроведување во општинските згради. 

-Премиерот Курти и неговата влада треба да осигураат избраните градоначалници да ги извршуваат своите транзициски обврски од алтернативни локации надвор од општинските згради и да ја повлечат полицијата од општинските згради, се вели во соопштението. 

Од друга страна, се додава дека претседателот Александар Вучиќ и Владата на Србија треба да го намалат безбедносниот статус на српските вооружени сили и да ги повикаат косовските Срби да престанат да го предизвикуваат КФОР и да се воздржат од понатамошно насилство. 

ОБСЕ ги повика Косово и Србија веднаш да ги вратат заложбите за ангажман во дијалогот за нормализација на односите воден со посредништво на ЕУ. кб/ 

Остани поврзан