• недела, 22 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
31 мај 2021 (МИА)  Народна филозофија Пословици и поговорки Јадено-пиено-платено. Ја збираат парата, како гнојот раната. Ја збираат парата како пчела медот. Јазел со рака не се одврзуват, а со сабја се пресечуат. Јазик кљука, глава пука. Јазико коски нема, ама коски крши. Јазик праит добро, јазик праит лошо. Јазик’т нема коски се врте на сек’де. Јајцето е мало, ама големо пиле излегвит. Јал не јал – три и пол. Јанала земја на магаре. Јас и ти и гора зелена. Јас му вељам, адам сум, а тој ме опитвит колку деца имаш. Јасно небо, голем студ. Јас пијам, ти се пијаниш. Јунак без рана не бива. Јунак голем со дружина добра. Јазикот сечит поостро од сабја. Кавгаџија татко, кавгаџија и сино. Каде се пилето опилило таму му е мило. Кажи ми да им кажам. Казанот родил казанче. Кај е т’нко там се кине. Кај збор не помага, тамо стап помага. Кај е сила не је правина. Кај не го сеиш, тамо никнуа. Кај што има овци, има и бачило. Кај што има сила, нема правина. Кај што мотика не копа, грозје не се раѓа. Кај што нема вода, таму село не бидуа. Кај што не помага збор, тамо и стап не помага. Кај што плука чоек, треба да не лижи. Кај што сите криват и ти криви. Кај што те чеша твојата рака, не те чеша туѓата. Кај што треба мотика, не треба молитва. Каква брада, таков брич. Каква вода, таква вада. Каква врба, таков клин. Каква куќата, таква домаќинката. Каква е лозата, такво е грозјето. Каква реч (ќе речиш), таков устрел (ќе удриш). Какво печење, такво решење. Какво се е скроил, така ќе се износе. Какво семе, таква и жетва. Како викал, така се оѕвал. Каков му е умот, таков му е домот. Каков татко, таков син. Каков ти е атот, таков ти е патот. Како дошло, така и пошло. Како е дробил, така и ќе срка. Како играш, така ќе ти свирит. Како јаже в торба е прав. Како магарето и прлето. Како се заткало, така и се доткало. Како си солил, (или си дробил), така и ќе сркаш (или сркај си). Како слеп за стап се држе. Како срце болело, така (и) очи плакале. Како ќе ти свирит, така ќе играш. Како ќе си постелиш, така ќе си легниш. Како што земаш пари, така и ќе даваш. Како што ти мислат комшиите, така не ти мислат куќните. Како ќе солиш така ќе сркаш. Как ќе дробиш, так ќе јадиш. Кално орај, кално сеј. Каменот на местото си е потежок. Камен по камен куќа става. Камен што се тркаљат, нигде трева не фашчат. Камиљата побарала рогои, та изгубила и ушите. Кога дава десната, левата да не знае. Кога да ја нема мачката, глувците оро си играат. Кога дојде умот, си појде кумот. Кога има масло и баба знае да меси зелник. Кога лажиш кај се пулиш. Кога многу грмит, малку врнит. Кога многу грмит, многу врнит. Кога нема ѓаолот работа, си и тепа децата. Кога немат глаа чуму му е брада. Кога немаш глаа, нека немаш и шија. Кога ојш на гости врзи ја кокошката за мешарка. Кога се вати сиромавиот на танец, се скина танецот. Кога стана вагленар, и кога му поцрне врато. Кога ќе и стрижиме петлите (т.е. никогаш). Кога ќе си (го) видам тилот. Козата м’мит, рогот не м’мит. Која мома момче пребират, брго не ќе се омажит. Која овца се делит од стадото (неја) ја изедвит волкот. Која страчка останала без опашка? Кој барат рогои, ќе загубит и ушите. Кој бега од дош, ќе падни на град. Кој бегат од рано, ќе паднит на лошо. Кој брзат (многу, тој) се сопинат. Кој вино пијат без невеста спијат. Кој вино сакат, без невеста скакат. Кој винце попива главата си разбива. Кол дал, дал, кој јал, јал. Кој држит поразник, (нему) празна му е куќата. Кој за шчо, баба за вретеното. Кој знае книга има четири очи. Кој има ума, има и дума. Кој како дење си мисли, и на сон ќе му иди. Кој како коња ранит. Кој како копа гроб на другого, сам паѓа у него. Кој лажи и кради. Кој летат (многу) нависоко, (тој) бргу падинат. Кој многу знајт, многу тргат. Кој молиш немој да го лутиш. Кој не гледа пред себеси, он се препиња. Кој не седит мадро, ќе носит модро. Кој не ќе почнит, не ќе свршит. Кој носи две лубеници под една мишка, остануа и без една. Кој носи не проси. Кој овчар спијат (тој) без јагниња остануват. Кој одит по бумбар, (тој) падинат на лајно. Кој пејт, лошо не мислит. Кој пие вересија, двапати се опива. Кој пита не скита. Кој превари тој товари. Кој п’лзит не летат. Кој рано ранит, две стреќи грабит. Кој руча на конако, ќе вечера на сокако. Кој сака рогове и без уши остануа. Кој се биет шега, шегата одит по него. Кој се бое од врапците, не сее просо. Кој седе на два стола лесно паѓа. Кој седе под крушата, он јаде круши. Кој се попарил од млекото, (тој) дува на м’шченицата. Кој се срамува, ќе гладува. Ко се фалит, (тој) не палит. Кој се чуреш не начури, тој се огин не огрее. Кој си бие жената, тој си бие главата. Кој си имат муата на капата, тој си терат. Кој си краде од соно, си краде од веко. Кој слеп неќит очи. Кој ќе дајт пара, тој ќе свирит свирка. Колку срце болело, толку очи плакали. Кој украл сеното тој си имат муата на капата. Којшчо си има, тоа си клима. Којшчо си сее, тоа си жнее. Којшчо има лична жена, многу пријатели ќе има. Кој кради аир не ќе види. Кој што на младос растура, на старост ќе страда. Којшто паѓа в море и за сламка се ваќа. Којшто работи чесно, ќе живеит полесно. Кокошката пиет вода и нагоре се пулит. Кола и жена лесно не кинисуат. Колку овци, толку волци. Колку да е итра лисицата, па у чурчијата на дуќан ќе виси. Колку стареит, (толку) и магареит. Кому мајка, кому машчеа. Кому му е квасо голем, побргу му кисни лебот. Коњ воде, пеш оде. Коњ без узда не се повела. Коњот сакат зоб, а жената роб. Коњувете се ритат, магаретата тегљат. Крадена стока темељ не фашчат. Крвта вода не се чинит. Кривио (грешнио) чоек и од сенката се боит. Криво седи право суди. Кротко јагне од две мајки цицат. Крпеж, трпеж. Круша под круша падинат. Купи ден та помини. Купи ден (та) помини. Купи си прво комшија, (та) сетне куќа. Кус петел, пиле довека. Куќа-ламја. Куќен арамија е полош од јабанџија. Куќниот праг е највисока планина. Куче што лајт не касат. Кучката дури не кренит опашката, кучиња не трчает по неа. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан