• вторник, 13 мај 2025

Облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд, наместа ќе има појава на невреме

Облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд, наместа ќе има појава на невреме

Скопје, 27 април 2025 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа ќе има појава на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени, додека максималната ќе достигне до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во понеделник ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд. Од вторник времето ќе биде стабилно, претежно сончево со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. ра/цр

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан