Обилниот снег го отежна сообраќајот во Романија и Молдавија
- Обилниот снег предизвика затворање на патиштата ширум Романија и Молдавија, а голем број населени места останаа без електрична енергија
![Обилниот снег го отежна сообраќајот во Романија и Молдавија](https://mia.mk/images/20231126140057_big_730x400_98.webp )
Букурешт, 26 ноември 2023 (МИА) – Обилниот снег предизвика затворање на патиштата ширум Романија и Молдавија, а голем број населени места останаа без електрична енергија.
Еден маж загина во Молдавија откако неговото возило излета од патот и удри во дрво.
Романската Национална метеоролошка служба предупреди дека во источните окрузи Констанца, Тулчеа, Галати и Браила брзината на ветрот може да достигне и брзина до 100 километри на час.
Во окрузите Констанца и Браила околу 69 населени места се без електрична енергија. ми/
фото: МИА архива