• недела, 22 декември 2024

Обезбедени средства за дорегулација на коритото на река Брегалница во Делчево

Обезбедени средства за дорегулација на коритото на река Брегалница во Делчево

Делчево, 16 март 2023 (МИА) - Во Делчево продолжуваат проектите за регулација на коритото на река Брегалница во централното градско подрачје. Активноста ќе се реализира преку Центарот за развој на Источно-планскиот регион со средства од Министерството за локална самоуправа, а поддршка за реализација на проектот дадоа делчевските советници на последната 21-ва седница.

-Советниците донесоа Одлука за сопствено учество на Општина Делчево за проектот „Регулација на коритото на река Брегалница во централното градско подрачје низводно-фаза 2. Со оваа одлука се дава приоритет и се утврдува намената на проектот кој ќе биде поднесен до Министерството за локална самоуправа, а по Програмата зa рамномерен регионален развој за 2023 со индикативно планирани средства за 2024 година преку Центарот за развој на ИПР, информираа од Општината.
 
Проектираната инвестиција со вклучен ДДВ изнесува 21,5 милиони денари. 
 
-За реализација на проектот ќе се обезбеди учество од Буџетот на Општина Делчево од 30 отсто, односно 6,4 милиони денари со вклучен ДДВ, додадоа од Општина Делчево.
 
Во однос на уредувањето на просторот околу  речното корито, претходно Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница" изврши негово чистење, акција која се реализираше во близина на новиот пешачки мост ,,Гоце Делчев". вс/дма/
 
 
Фото: МИА
 
 

Остани поврзан