• сабота, 18 мај 2024

Обвинителство: Барање за подготвителна постапка против малолетник за убиство на дете во Прилеп

Обвинителство: Барање за подготвителна постапка против малолетник за убиство на дете во Прилеп

Скопје, 1 март 2024

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 15-годишник од прилепското село Сенокос поради постоење на основано сомнение да извршил дејствие што со закон е предвидено како кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.7 од Кривичниот законик.

Во влезот од зграда лоцирана на ул.„Кузман Јосифоски“ во Прилеп осомничениот со умисла лишил од живот дете родено 2009 година, нанесувајќи му повеќе убодни рани со нож. Оштетениот успеал да избега, меѓутоа изгубил свест и подоцна им подлегнал на повредите.

Бидејќи постојат законски основи, надлежниот јавен обвинител до судијата за деца при Основниот суд во Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот.

 

Јавно обвинителство на Република Северна Македонија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан