• вторник, 05 ноември 2024

Обвинение против гостиварец поради хероин скриен во ретровизор

Обвинение против гостиварец поради хероин скриен во ретровизор
Скопје, 26 мај 2021 (МИА)-Поднесено обвинение против 57-годишен гостиварец кај кого пред месец дена бил пронајден хероин скриен зад ретровизор во неговиот автомобил. На обвинетото лице ќе му биде продолжен и притворот. Од Јавното обвинителство известуваат дека по спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на возраст од 57 години, на 28 април неовластено заради продажба набавил наркотична дрога хероин со вкупна тежина од 10 грама. Дрогата, спакувана во две полиетиленски ќесички, била пронајдена скриена зад огледалото на левиот ретровизор од неговиот автомобил Ауди А6. -Бидејќи сè уште постојат законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, информираат од ЈО. ир/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан