• четврток, 26 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) - На 03.11.2024 во 22.10 часот над с.Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од с.Боговиње, с.Лисец, с.Раковец, с.Пршовце и Тетово, за кои во 21.30 часот А.Р. од тетовско Боговиње пријави дека не можел да стапи во контакт со нив.

Имено, во текот на денот тие заминале во планината над село Пршовце за да одат до место викано ,,Доброшки езера“, а последната локација од каде контактирале била кога се наоѓале кај „Три Чешми“ во близина на границата со Косово. Лицата биле пренесени во Клиничката болница Тетово на преглед.

Денеска (04.11.2024) во 00.05 часот на Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Љ.(47) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.11.2024 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(22) од Велес затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.11.2024 во 19.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.11.2024 во 20.30 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Р.(21) од с.Волково затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.11.2024 во 08.30 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.С.(43) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.11.2024 околу 10.00 часот на планинарска патека во планинскиот предел над с.Грекај, општина Маврово и Ростуше, при извршување службени задачи, полициски службеници од ОВР Гостивар пронашле две неексплодирани рачни бомби кашикари.

Увид бил извршен, а бомбите биле безбедно подигнати од екипа на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Министерството за внатрешни работи.

На 03.11.2024 во 13.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат с.Стојаково – с.Богородица, гевгелиско,  патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(18) од село Стојаково, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Д., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

На 03.11.2024 во 13.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на кружен тек од ул.„Димитар Влахов“ и ул.„Глигор Апостолов Гочо“ во Кочани, Ј.А.(41) од Кочани, управувајќи велосипед паднал на коловозот.

Во несреќата Ј.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кочани. Увид извршила екипа од ОВР Кочани.

На 03.11.2024 во 21,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  П.Ј.(74) од с.Идризово, скопско, удрило во бетонски ѕид од објект на правно лице.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Д.Ј.(73) од с.Идризово, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје. сст/

Остани поврзан