• четврток, 26 декември 2024

Приведен стружанец осомничен за измама

Приведен стружанец осомничен за измама

Струга, 26 декември 2024 (МИА) - Струшката полиција лиши од слобода 47-годишно лице под сомнение за сторено кривично дело измама, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера во 7 часот и 40 минути полициски службеници на улицата „Чеде Филипоски“ во Струга, го лишиле од слобода А.Н.(47) од Струга, кој се сомничи дека е сторител на кривичното дело „измама“.

- По наредба на судија на претходна постапка, припадници на криминалистичката полиција од СВР Охрид и ОВР Струга, извршија претрес во неговиот дом, при што пронајдоа и одзедоа повеќе налози, уплатници и други документи, значајни за расветлување на кривичното дело, стои во соопштението.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. сс/дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан