• понеделник, 23 декември 2024

Нормализирано водоснабдувањето во Македонска Каменица

Нормализирано водоснабдувањето во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 9 ноември 2022 (МИА) - Саниран е дефектот на главната водоводна линија, поради кој повеќе од 24 часа поголем дел од жителите во Македонска Каменица беа без вода за пиење.
Од Јавното претпријатие „Камена Река“ се заблагодарија за разбирањето и поддршката од граѓаните во решавањето на проблемот со настанатиот дефект.
-Наши екипи во попладневните часови успеаа целосно да го санираат дефектот на главната водоводна линија. Се работеше за дефект од пообемен карактер за што како Јавно претпријатие задолжено за одржување на исправноста на водоснабдителниот систем и непречено снабдување со чиста и здрава вода за пиење, упатуваме извинување до граѓаните поради настанатиот прекин во снабдувањето со вода, истакнаа од ЈП ,,Камена Река".
Водоснабдувањето до домаќинствата и до сите корисници како што додадоа во текот на вечерните часови целосно ќе биде нормализирано. вс/

Остани поврзан