• четврток, 21 ноември 2024

Норис: Има многу младите возачи кои веднаш можат да бидат брзи во Ф1

Норис: Има многу младите возачи кои веднаш можат да бидат брзи во Ф1

Лондон, 12 ноември 2024 (МИА) – Возачот на Мекларен, Ланод Норис зборуваше за појавата на неколку дебитанти во шампионатот во Формула 1. Смета дека иако постои ризик да се поканат многу млади возачи, неодамнешните трендови укажуваат на забележително зголемување на подготовката и промена во пристапот на тимовите.

Следната сезона, постои голема веројатност шест млади возачи да се натпреваруваат во Формула 1 на кои ова ќе им биде дебитантска цела сезона.

- Навистина талентираните возачи почнаа да го пробиваат својот пат до врвот. Се чувствувам како старец кога го кажувам ова, но, знаете, зборувам за момци како Лиам Лосон, Оскар Пјастри, Франко Колапинто - гледаме многу возачи кои можат да влезат во Формула 1 и да се справат со задача, кои добро се извршуваат во квалификациите и така натаму. Најтешко е времетраењето на сето ова. 24 Гран при во една сезона, тоа е потребата да не се оштетува болидот на секоја трка, потребата да не се прават глупави грешки, да се помогне на тимот, да се биде лидер на тимот, да се гледа не само на тековната сезона, но и кон иднината, разбирање кога да се жртвува за следната сезона, изјави Норис.

Во моментов Норис е втор во поредокот во Формула 1 со 331 бод, зад лидерот Макс Верстапен кој има собрано 393 бода. 

До крајот на сезоната 2024 во Ф1 остануваат уште три трки. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан