Норвешка ги засилува мерките за заштита на своите енергетски ресурси од можни руски напади
- Шефот на норвешката надворешна разузнавачка служба смета дека е веројатно Русија да се обиде да саботира енергетска инфраструктура на Норвешка, како нафтоводи и гасоводи, поради растечката конфронтација меѓу Москва и Западот.

Осло, 11 септември 2024 (МИА) - Шефот на норвешката надворешна разузнавачка служба смета дека е веројатно Русија да се обиде да саботира енергетска инфраструктура на Норвешка, како нафтоводи и гасоводи, поради растечката конфронтација меѓу Москва и Западот.
„Ризикот е зголемен,“ изјави вицеадмиралот Нилс Андреас Стенсоенес. Според него, Русија станала похрабра во обидите да се спротивстави на западната поддршка за Украина.
Русија ги отфрла ваквите тврдења како „неосновани“, а руската амбасада во Осло наведе дека изјавите се „измислени“ за да се оправда конфронтацијата со Москва. ссм/
фото: архива