Нов паркинг кај новиот дел од кејот на реката Вардар во Велес
- Завршија градежните зафати за изградба на паркинг простор кај новоизградениот дел од кејот на реката Вардар од десната страна во Велес, кој во изминатите денови беше одбележан и хортикултурно уреден, со што новиот паркинг до доби својот лик. Располага со 20-тина паркинг места, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.
Велес, 18 ноември 2025 (МИА) - Завршија градежните зафати за изградба на паркинг простор кај новоизградениот дел од кејот на реката Вардар од десната страна во Велес, кој во изминатите денови беше одбележан и хортикултурно уреден, со што новиот паркинг до доби својот лик. Располага со 20-тина паркинг места, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.
Како што најави градоначалникот Марко Колев, новиот паркинг во наредните денови ќе биде ставен во функција.
-Со оваа решение ќе се намали сообраќајниот хаос во центарот на градот до изградбата на подземната гаража во строгиот центар на Велес, потенцира Колев.ад/вј/
Фото Општина Велес