• петок, 26 април 2024

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија - донација од советникот Бојчески

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија -  донација од советникот Бојчески

Тетово, 22 март 2023 (МИА)Во дворот на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“-објект Стара медицина во Тетово од денеска учениците ќе имаат можност да користат мултифункционално игралиште кое е донација на Станислав Бојчески-Стане, актуелен советник во Совет на Општина Тетово и тренер во клубот за боречки вештини и кик бокс Д-Стронгест (The Strongest).

Наместо празниот простор сега таму има терен за кошарка и одбојка. Теренот е обележан и бојадисан во сина боја, а поставени се два коша и столбови и мрежа за одбојка.

-Како што ветив ,се реализираше мојата донација.После неколу недели работа училиштето „Кирил Пејчиновиќ - Гимназија добива мултифункционален спортски терен. Сакам посебно да им се заблагодарам на професорот Марко Рафајловски и на екипата, кои се вложија овие две недела и помогнаа околу изградба на спортскиот терен. Од денес учениците во гимназијата од настава по македонски и албански јазик ќе можат да спортуваат,да се натпреваруваат и дружат. Следна дестинација- Ајдучко маало, се гледаме на терен, порача Станислав Бојчески.

Советникот и тренер Бојчески претходно реализираше донација-кошаркарски терен на Спортски центар во Тетово, попознат како Кока-кола терен.ас/

Фото МИА 

Остани поврзан