• петок, 17 јануари 2025

Нов антисемитски напад во Австралија, Владата најавува мерки

Нов антисемитски напад во Австралија, Владата најавува мерки

Сиднеј, 17 јануари 2025 (МИА) - Четири возила и куќата на водачот на еврејската заедница се оштетени во Сиднеј рано утринава, а два автомобили се запалени, во напад што се случи во Довер Хајтс, едно од ексклузивните предградија во источниот дел на австралискиот град. 

Целта била поранешната резиденција на Алекс Ривчин, ко-извршен директор на Извршниот совет на Австралиската еврејска заедница (ECAJ), кој повеќе пати ја повика Владата да стори повеќе за борба против антисемитските напади, кои се во пораст од почетокот на израелската војна против Хамас во Газа. 

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска за Си-Ен-Ен изјави „тоа е напад против се за што се залагаме“.

 „Она што треба да го направиме е да ја намалиме температурата во заедницата“, рече Албанезе.

Нападот е последен од околу 100 случаи на антисемитизам што ги истражува Авалите, специјална работна група создадена на почетокот на декември за да се бори против растечкиот антисемитизам, јавува Си-Ен-Ен.

Министерот за внатрешни работи Тони Бурк го нарече нападот „злосторство од омраза“ за кое се предвидени „сериозни казни“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан