• четврток, 26 март 2026

Министерство за правда на САД: За спроведување на забраната за TикТок ќе биде потребно време

Министерство за правда на САД: За спроведување на забраната за TикТок ќе биде потребно време

Вашингтон, 17 јануари 2025 (МИА) - Американското Министерство за правда соопшти дека ќе биде потребно време за спроведување на законот за забрана на ТикТок во САД, освен ако кинескиот сопственик не ја продаде платформата.

Заменик-јавниот обвинител Лиза Монако ја поздрави одлуката на Врховниот суд со која се потврди законот со кој ќе се забрани ТикТок.

Таа додаде дека „следната фаза од тој напор - спроведување и обезбедување усогласеност со законот откако ќе стапи на сила на 19 јануари - ќе биде процес што ќе се реализира со тек на време“. зш/

Остани поврзан