Протест во Белград пред зградата на РТС
- Студенти и граѓани се собраа вечерва пред зградата на Радио телевизија на Србија (РТС) на протест под слоганот „Наше право да знаеме се“.

Белград, 17 јануари 2025 (МИА) - Студенти и граѓани се собраа вечерва пред зградата на Радио телевизија на Србија (РТС)на протест под слоганот „Наше право да знаеме се“.
Сообраќајот е запрен пред РТС каде што се наоѓа камион со разглас, а насобраните протестираат со вувузели и свирежи, јави Бета.
Студентите со свирежи и скандирања го изразуваат своето незадоволство од работата на Јавниот радиодифузен сервис.
Толпата носи транспаренти барајќи одговорност за несреќата во Нови Сад, каде на 1 ноември загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.
Тие од различни правци, во зависност од тоа каде се наоѓаат нивните факултети, се упатија кон улицата Таковска каде што е седиштето на РТС, скандирајќи „Одиме во програма“.
На студентите им се приклучуваат и голем број граѓани, јави Бета.
Во 19:00 часот ќе има 15 минути молк, а потоа ќе следуваат студентски перфоманси. зш/
фото Принтскрин