• понеделник, 23 декември 2024

Новогодишно осветлување на битолскиот градски часовник

Новогодишно осветлување на битолскиот градски часовник

Битола, 29 декември 2023 (МИА) - Градскиот часовник во Битола од синоќа е осветлен во боите на македонското државно знаме.

Во пресрет на Новата 2024 година, Општина  Битола приреди уште една креативна содржина, илуминација во центарот на градот каде саат кулата е осветлена во боите на македонското знаме, карактеристични и за грбот на Општина Битола.

Инаку новогодишната програма поддржана од општината, денеска продолжува во Старата битолска чаршија и платото пред Офицерскиот дом  со „Зимска приказна“. мт/мд/

Фото: Општина Битола

 

Остани поврзан