• петок, 17 мај 2024

Нови 600 садници во општина Аеродром

Нови 600 садници во општина Аеродром
Скопје, 14 април 2021 (МИА) - Нови 600 различни видови садници се засадени покрај реконструираниот паркинг на булевар „Јане Сандански“, во општина Аеродорм. Како што информираат од Општина Аеродром, станува збор за високоразгранети грмушки во вид на жива ограда, кои имаат способност да го апсорбираат загадувањето. -Зелен и чист Аеродром е наш приоритет и секоја локација што го дозволува тоа ќе добие нови садници и ќе биде хортикултурно уреден. Неодамна заедно со учениците од основните училишта засадивме зимзелени и листопадни дрвја и ги претворивме училишните дворови во вистинска зелена оаза. За аеродромци обезбедуваме повеќе чисти и зелени површини, порача градоначалникот Златко Марин, се вели во соопштението. Зазеленувањето, најавуваат од општината, ќе продолжи и во наредниот период. аа/скс/

Остани поврзан