• четврток, 24 октомври 2024

Нови канти за отпадоци и контејнери во Струга

Нови канти за отпадоци и контејнери во Струга

Струга, 24 октомври 2024 (МИА) - Јавното претпријатие Комунално Струга обезбеди 1.212 канти за отпадоци и 59 контејнери, донација од Министерството за животна средина, соопшти денеска претпријатието.

Домаќинства кои имаат оштетени канти, според директорот Иќмет Ислами, ќе можат да ги заменат со нови преку пријавување во канцелариите на месните заедници низ општината.

Новите канти, како што истакна, ќе овозможат подобрувањето на хигиената, што, според него, е од суштинско значење за животната средина и за здравјето на граѓаните.

- Со замената на старите и оштетени канти, воспоставуваме поефикасен и поеколошки начин за справување со отпадот. Апелирам до сите граѓани да го одлагаат отпадот соодветно и да ги користат новите канти и контејнери наменски. Со тоа, не само што ќе придонесеме за чиста животна средина, туку и ќе го подобриме квалитетот на живот за сите нас, изјави Ислами.

Старите канти, додаде, откако ќе бидат собрани, ќе бидат предадени на специјализирана фирма за рециклирање, со што дополнително ќе придонесат за заштита на животната средина. сс/цр

Фото: Јавно претпријатие Комунално Струга

Остани поврзан