Нови броеви од списанието „Современи дијалози“ во издаваштво на МНД-Битола
- Македонско научно друштво (МНД) – Битола ги објави броевите 16 и 17 од Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ за 2025 година кое се издава со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам. Списанието го уредува редакција во состав во која членуваат Весна Мундишевска Велјановска, главен уредник, професор д-р Даниела Андоновска-Трајковска, професор д-р Силвана Нешковска и доцент д-р Анита Ангелевска во соработка со меѓународен уредувачки одбор.
Битола, 17 ноември 2025 (МИА) - Македонско научно друштво (МНД) – Битола ги објави броевите 16 и 17 од Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ за 2025 година кое се издава со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам. Списанието го уредува редакција во состав во која членуваат Весна Мундишевска Велјановска, главен уредник, професор д-р Даниела Андоновска-Трајковска, професор д-р Силвана Нешковска и доцент д-р Анита Ангелевска во соработка со меѓународен уредувачки одбор.
На околу 400 страници, застапени се вкупно 103 книжевници чии дела се поместени во рубирките „Поезија“, „Литература за деца и млади“, „Согледби“, а во рубриката „Акценти“ застапени се прилози од бројните активности за одбележување на јубилејот 65 години постоење на Македонско научно друштво – Битола и 25-годишнината од смртта на ликовниот уметник Ранко Струмениковски.
Во рубриката „Паралели“, во соработка со триесетина преведувачи, објавени се 63 реномирани странски автори од 40-тина земји, односно од Австрија, Азербејџан, Аргентина, Белгија, Велика Британија, Индија, Италија, Конго, Египет, Израел, Иран, Ирска, Италија, Кина, Полска, САД, Саудиска Арабија, Турција, Филипини, Франција, Шкотска, Шпанија и други.
Кориците на списанието „Современи дијалози“ ги дизајнираше Весна Мундишевска-Велјановска со илустрации од ликовните уметници Дијана Колонџоска и Васко Ѓоргиев.мт/вј/
Фото: МНД-Битола