• петок, 22 ноември 2024

Новинари во отворено писмо бараат од Израел пристап до Појасот Газа

Новинари во отворено писмо бараат од Израел пристап до Појасот Газа

Ерусалим, 28 февруари 2024 (МИА) - Група од 55 новинари од повеќе земји напишаа отворено писмо во кое ја повикаа израелската влада да им дозволи да влезат во Газа за да ја следат војната.

Во писмото се наведува дека на странските известувачи им е забранет пристапот до територијата од избувнувањето на војната, „освен ретки влегувања во придружба на израелската армија“.

Новинарите ги повикуваат Израел и Египет да им дадат на сите медиуми „слободен и непречен пристап“.

како што јави Ал Џезира, тие повикаа и на мерки за заштита на локалните новинари.

Во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, се убиени 126 новинар, повеќе од кој било друг воен конфликт во историјата. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан