• недела, 22 декември 2024

Нова експлозија во близина на Амбасасата на Израел во Копенхаген

Нова експлозија во близина на Амбасасата на Израел во Копенхаген

Копенхаген, 7 октомври 2024 (МИА) - Полицијата на Данска соопшти дека денеска во близина на Амбасадата на Израел во Копенхаген имало уште една експлозија. 

Експлозијата е на годишнината од упадот на Хамас во Израел. Инцидентот се случи на околу 500 метра од Амбасадата на Израел и пет дена откако беа активирани две експлозивни направи во близина на дипломатскиот објект, за што се уапсени двајца државјани на Шведска.

- Се разбира, разгледуваме дали би можело да има поврзаност со (претходниот) инцидент во Израелската амбасада. Нема индикации дека тоа е така, изјави полициската инспекторка, Трине Молер.

Шведската разузнавачка агенција Сапо соопшти дека можеби Иран бил вмешан во експлозиите на 2 октомври во Данска, како и во пукотницата во близина на Израелската амбасада во Стокхолм еден ден претходно. ми/

фото: Икс

Остани поврзан