• недела, 24 ноември 2024

Новата холандска Влада положи заклетва пред кралот Вилем-Аклександар

Новата холандска Влада положи заклетва пред кралот Вилем-Аклександар

Амстердам, 2 јули 2024 (МИА) - Повеќе од седум месеци по победата на радикалниот десничарски популист Герт Вилдерс на парламентарните избори во Холандија, денеска заклетва положи најекстремно десничарската влада во историјата на земјата, јави ДПА.

На денешната церемонија во дворецот во близина на Хаг, министрите и државните секретари положија заклетва пред кралот Вилем-Александар.

Коалицијата од четири партии во голема мера е контролирана од Вилдерс, иако тој не е член на владата.

Сега премиер е поранешниот шеф на тајната служба и агенцијата за борба против тероризмот, Дик Шоф, кој не е поврзан со ниту една партија. Неговиот претходник, долгогодишниот премиер Марк Руте, ќе ја преземе функцијата генерален секретар на НАТО во октомври.

Повеќето од членовите на кабинетот, како и 67-годишниот Шоф, имаат мало или никакво искуство во управувањето. Ова е уште една причина зошто новиот сојуз се смета за потенцијално нестабилен, наведува ДПА.

Само десно-либералната Народна партија за слобода и демократија (НПСД) на Руте може да се повика на практичното искуство од нејзиното долгогодишно учество во управувањето со различни коалиции.

Покрај ПС, во кабинетот се и централно-десничарската партија „Нов социјален договор“ (НСД) и популистичкото Движење на земјоделците-граѓани (ФГД), кои настанаа како резултат на масовните протести на земјоделците во последните години.

Официјалниот договор за создавање на новата коалиција, насловена „Надеж, храброст и гордост“, воведува строги мерки за барателите на азил, го укинува обединувањето на семејствата на бегалците и се обидува да го намали бројот на странски студенти во земјата.

Првпат по 14 години, Холандија доби нов премиер. паг/

Остани поврзан