Иранско Министерство за здравство: Уште една болница во Техеран е погодена во израелските напади
- Уште една болница во Техеран е погодена од израелските напади, соопшти денеска иранското Министерство за здравство.

Техеран, 20 јуни 2025 (МИА) - Уште една болница во Техеран е погодена од израелските напади, соопшти денеска иранското Министерство за здравство.
Во соопштението се наведува дека тоа е третата болница во Иран што е нападната од почетокот на конфликтот минатиот петок, јавува Ал Џезира.
„Шест амбулантни возила и центар за сеопфатни здравствени услуги беа исто така брутално нападнати од ционистичкиот непријател“, се наведува во соопштението, јавуваат иранските медиуми.
Се додава дека Израел во рок од седум дена ја прекршил меѓународната конвенција „повеќе од шест пати“. рп/
Фото: ЕПА