• среда, 19 јуни 2024

Никол Чулик во Приштина за клучните прашања за односите меѓу САД и Косово

Никол Чулик во Приштина за клучните прашања за односите меѓу САД и Косово

Приштина, 20 мај 2024 (МИА) - Заменик-помошникот државен секретар на САД, Никол Чулик, за време на нејзината посета на Приштина ќе се фокусира на клучните прашања за односите меѓу САД и Косово, вклучително и малцинските права и човековите права, изјави денеска американскиот амбасадор Џефри Ховениер.

-Задоволство ми е да ја пречекам заменик-помошникот секретар Никол Чулик на Косово. Чулик ги надгледува Канцелариите за Европа и Јужна/Централна Азија во Бирото за демократија, човекови права и труд во Стејт департментот за клучните прашања за нашите билатерални односи, вклучително и правата на малцинствата и човековите права во Косово, ја сподели американската амбасада во Приштина изјавата на Ховениер на Фејсбук.

Чулик се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи, а потоа и со премиерот Албин Курти. мс/

<blockquote class="twitter-tweet"><p lang="en" dir="ltr">Pleased to welcome Deputy Assistant Secretary Nicole Chulick to Kosovo. DAS Chulick oversees Europe and South/Central Asia offices in the Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor at the Department of State. During her visit, DAS Chulick will focus on critical issues for our… <a href="https://t.co/VL0vMJii5R">pic.twitter.com/VL0vMJii5R</a></p>&mdash; Ambassador Jeff Hovenier (@USAmbKosovo) <a href="https://twitter.com/USAmbKosovo/status/1792488376513233244?ref_src=twsrc%5Etfw">May 20, 2024</a></blockquote> <script async src="https://platform.twitter.com/widgets.js" charset="utf-8"></script>

фото: Твитер

Остани поврзан