• недела, 22 декември 2024

Од социјалните мрежи отстранети 12.000 огласи што ги користеле криумчарите за мигранти

Од социјалните мрежи отстранети 12.000 огласи што ги користеле криумчарите за мигранти

Лондон, 24 јули 2024 (МИА) - Речиси 12.000 реклами што ги користеле криумчарите за да привлечат мигранти да ги користат нивните услуги се отстранети од социјалните мрежи.

Шверцерите кои нудат 100 отсто гаранција за безбедност и натпревар за освојување 500 евра се меѓу речиси 12.000 огласи кои привлекуваат мигранти да ги користат нивните услуги, пишува Скај Њуз.

Националната агенција за криминал (НЦА) ги засили напорите да ги спречи организираните банди кои користат онлајн платформи за да ги намамат мигрантите да го преминат Каналот со мали чамци. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан